Путин: Со заеднички напори до нов договор за климата

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави оти се надева дека новиот договор за климатски промени, кој ќе го замени Протоколот од Кјото, ќе биде постигнат со заеднички напори.

– Се надеваме дека ако ги здружиме напорите ќе можеме да постигнеме нов договор за климатските промени, кој ќе го замени Кјото и ќе биде во интерес на сите држави и народи по 2020 година, посочи Путин во обраќањето на меѓународната конференција за климатски промени во Париз.

Путин посочи дека Русија сака новиот договор да биде сеопфатен, ефикасен и рамноправен.
– Поддржуваме долгорочна цел на работа на новиот предлог-договор, со кој ќе ограничи растот на температурата на два степени Целзиусови до крајот на 21 век, наведе Путин. 

Би можело да ве интересира

Изложбата КОП21 со инциденти од демонстранти

Емир Латифовиќ

На заедничката фотографија на учесниците на Конференцијата во Париз отсуствува Путин

Емир Латифовиќ

Меркел бара обврзувачки договор за климатските промени

Емир Латифовиќ

Најголемите економии и СБ финансираат 700 милиони долари во борба против климатските промени

Емир Латифовиќ