Путин: Се уште немам одлучено дали ќе се кандидирам на изборите во 2018. година

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека се уште нема одлучено дали ќе се кандидира на претседателските избори во 2018. година.

– Се уште немам одлучено дали би требало да ја продолжам својата работа со ова темпо. Ќе видиме. Изборите треба да се одржат во 2018. година. Се уште има време пред изборната трка, изјави Путин во програмата „Сериозен разговор со Владимир Путин“.

Тој рече дека еднаш ќе мора да отстапи од претседателската функција нагласувајќи дека Уставот го ограничува претседателскиот мандат.

Путин исто така додаде дека имал можност да го промени делот од Уставот кој што се однесува на изборот на претседател, но не го направил тоа.

– Имав можност да го променам Уставот, дури и ме убедуваа да го направам тоа. Не го направив и нема да го направам, рече Путин.

Според рускиот Устав, една личност не може да биде претседател на државата повеќе од два мандати едноподруго. Путин стана претседател во 2012. година, а пред тоа служеше два мандати едноподруго од 2000. до 2008. година.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија