Путин се споменува повеќе 1000 пати во документите за Епстин

Од:

Новообјавени документи од Министерството за правда на САД покажуваат дека покојниот американски финансиер Џефри Епстин во одредени досиеја на Федералното биро за истраги (ФБИ) бил опишан како „менаџер на средства“ за рускиот претседател Владимир Путин. Во документите се наведуваат и повеќе обиди на Епстин да закаже средба со Путин, иако нема потврда дека таква средба навистина се одржала.

Материјалите се дел од обемна архива што вклучува повеќе од три милиони страници документи, фотографии, видеа, електронска преписка и лични писма. Според Министерството за правда, објавувањето е дел од долготрајна истрага поврзана со криминалните активности на Епстин, кој почина во затвор во Њујорк во 2019 година, додека чекаше судење за федерални обвиненија за трговија со луѓе за сексуална експлоатација.

Рускиот независен медиум „Агентство“, кој ги анализирал документите, наведува дека името на Владимир Путин се споменува повеќе од илјада пати, додека Русија речиси шест илјади пати. Во електронската преписка, Епштајн често зборувал за можноста за средби со рускиот претседател, вклучително и во периоди по неговата пресуда од 2008 година во САД.

Документите исто така содржат информации за контакти на Епштајн со руски бизнисмени и функционери, како и тврдења на американски безбедносни извори дека тој имал врски со руски организиран криминал. Дел од материјалите укажуваат и на негов интерес за посредување во политички и економски теми, вклучително и односи меѓу САД и Русија.

Во досиејата се споменуваат и непотврдени сомневања дека Епштајн имал врски со разузнавачки служби, вклучително и израелскиот Мосад, што ФБИ го регистрирало врз основа на информации од доверливи извори, без официјална потврда.

Претходните објави на американските власти веќе ги истакнаа контактите на Епштајн со бројни бизнисмени, политичари и јавни личности од целиот свет. Новите документи повторно го отворија интересот на јавноста за неговите меѓународни врски и можните политички импликации од тие контакти.

Би можело да ве интересира

Клинтонови се согласија да сведочат за Епстин

Епстајн заговараше државен удар во Украина

Горан Наумовски

Путин инсистира Зеленски да дојде во Москва

Името на Атифете Јахјага се појавува во објавените досиеја за Епстин

Горан Наумовски

Во аферата „Епстин“, Македонија е спомната како извор на човечки мозоци за експерименти

Горан Наумовски

Нова жртва: Епстин ме испрати во Велика Британија да имам секс со принцот Ендрjу