Дојче веле – Бон
Кремљ изненадувачки почна да води на меѓународна сцена нов план за борба против организацијата Исламска држава (ИД). Руските дипломати се погрижија јасно да ја поврзат идеја лично со претседателот – претставена од министерот за надворешни работи Сергеј лавров, таа веќе се протнува низ медиумите само како „планот на Путин“ .
„Планот на Путин“
Што нуди Москва? Да бидат обединети сите сили во воени дејствија „по копно“ против ИД, се разбира, дека САД и нејзините сојузници во сегашната коалициија да продолжат да ги бомбардираат исламистите од воздух. А по копно ќе ги напаѓаат, според рудки дипломати, војските на Башар Асад, кога сега во него војува сета светска опозиција, сириските и ирачките курди, и на крај – редовната армија на Ирак. Иако така заокружи Сергеј Лавров, новите предлози на Кремљ пред учесниците на Источноазиската средба на врвот во Куала Лумпур.
Но планот отвара сериозни прашања. Не се објанусва на пример, ништо ново. Москва предлага коалициија меѓу партнери кои бездруго веќе соработуваат по присила. Единствената сила која досега е невклучена, е светсската опозоцвија во Сирија, за која Башар Асад останува непријател, пострашен колку и ИД.
Друго прашање го засега учеството на Иран. Се дознава дека конечно во Москва делумно се одбиваат иранските војници вклучувајќи со воведената забрана да ја напуштаат земјата.Но не се отфрла и мислата за реалната улога на Техеран во предложената нова коалиција. А според повеќето воени експерти, копнената воена операција ќе донесе победа над ИД само со поддршка од Иран или од Турција. Значи штом претставува план, во кој изрично не се вклучува иранската армија, Москва крие нешто за кое веќе се договрила со Техеран. На толку потаен посредник нема да му веруваат ни САД и сириската опозиција.
Ердоган Vs. Путин
Третиот очигледен проблем во „планот на Путин“ е улогата на курдската заедница. Руско-турските односи на крајот нагло се влошија – можеби не само затоа што двата авторитарни режими не успеаја да се договорат за замена соработка во енергетската војна против ЕУ.
Москва ја дразни Анкара и со тоа што упорно го поддржува Асад и курдите, а најстара и тајна дружба ја сврзува со Курдската работничка партија, чии бази во Ирак неодамна беа бомбардирани од турската авијација. Русија ги брани интересите на оние свои сојузници кои јавно и се закануваат на Турција. За разлика од САД, Кремљ изгледа нема желба Турција да учествува во антиисламистичката коалиција. Покрај тоа, предлозите од руското министерство за надворешни работи носат ризик да се распадне и коалицијата која денес е факт и во која турците играат една од клучните улоги едноставно затоа што земјата директно се граничи со Сирија. А се има и впечаток дека тоа не е сосем случајна грешка на руската дипломатија.
Кој поддржува пријателство со ИД?
Додека се разгледува планот за создавање на „копнена коалиција“, руската дипломатија се самоизобличи. Претходно министерството за надворешни работи во Москва не дискутираше јавно со руски и странски експерти кои го осомничат Асад за соработка со Исламска држава. Затоа пак неофицијално руски дипломати редовно напомнуваа дека американците и турците првентсвено се замешани во појавата на ИД во Сирија и Ирак – а второ, до ден денес војуваат со едната рака против џихадистите а со другата ги потпомагаат.
-Здравиот разум вели дека е неможно Асад да соработува со ИД, затоа што не можеме да си дозволиме да помислиме дека некој соработува со организација чија цел е да ја заграби власта на огромни територии, не само на Блискиот исток и во северна Африка, изјави сега Сергеј Лавров. Жив пример како отворено се применуваат двојни стандарди – омилена тема за логиката на руската дипломатија. Што ќе помислиме дека Асад соработува со Исламска држава е во судир со здравиот разум, како можат да бидат обвинувани за истото САД или Турција?
Миротворец ли е Путин?
Како што гледаме, таканаречениот план на Путин изгледа е уметничка конструкција со многу малку шанси да се превтори во дела. Затоа е пак многу убава конструкција во духот на светската дипломатија – опишува како се веднаш да се реши, па со општи заложби да го видиме крајот на светското зло.
Слични планови – „за се што е добро и против се што е лошо“ вообичаено ги кажуваат не дипломати, туку пропагандисти. И во овој случај целта е можеби пропагандна – да се исчисти репутацијата на Владимир Путин, урната со Украина. Самиот план за општа борба против Исламска држава нема да биде остварен, но затоа пак рускиот лидер ќе има што да претстави во октомври пред Генералното собрание на ОН – со тие предлози сто проценти ќе предизвика бурни аплаузи, кои ќе преминат во овации.