Путин сака да им забрани на руските службеници да поседуваат банкарски сметки во странство

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин достави до Државната дума нацрт-закон, со кој им се забранува на државните службеници во земјата да поседуваа сметки во странски банки, соопшти на својата интернет страница Долниот дом на рускиот Парламент.

Со законот им се забранува на речиси сите службеници во администрацијата со исклучок на дипломатскиот и конзуларниот персонал „да отвараат или да поседуваат сметки во странски банки надвор од територијата на Русија, како и хартии од вредност на странски држави, обврзници и акции, издадени од други правни лица во странство“.

Забраната има за цел специјално да ја гарантира националната безбедност на Русија, да се зголемат инвестициите во економијата на земјата и да се води поефикасна борба против корупцијата.

Иницијативата специјално се однесува на замениците на генералниот обвинител, бордот на Централната банка, службеници во државни компании и секој друг службеник,  кој во рамки на своите надлежности носи одлуки поврзани со суверенитетот на Русија и нејзината национална безбедност.

Руските власти му посветија внимание на прашањето за банкарските сметки и недвижен имот во странство, сопственост на службеници или пратеници, по серијата корупциски скандали во земјата изминатите месеци.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети