Путин: Руските сили напредуваат во сите правци

Од:

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека руските вооружени сили напредуваат во сите правци на фронтот во Украина и дека „непријателот не е во состојба да го ограничи овој наплив и прибегнува кон терористички методи“.

Рускиот претседател оцени дека со „специјалната воена операција“ е постигнато многу, но дека сè уште има нерешени прашања, пренесува ТАСС.

„Повторувам, не треба само да обновиме и поправиме сè што беше уништено и оштетено, туку да поставиме темели за фундаментална трансформација на економијата и индустријата. Треба да обезбедиме сите области од животот во овие региони да добијат силен поттик за развој, за да можат луѓето да видат вистински промени на подобро. Ова е нашата клучна национална задача“, нагласи Путин на состанокот за интеграцијата на самопрогласената Донецка Народна Република (ДНР), Луганската Народна Република (ЛНР), Запорошката и Херсонската област.

Би можело да ве интересира

Трамп доби уверување од Путин дека Русија нема агресивни намери кон Европа

А1он

Трамп денеска ќе има телефонски разговор и со Путин, и со Зеленски

А1он

Путин: Русија се движи кон крајот на војната во Украина

А1он

Путин: Русија во моментов се бори за сегашноста и иднината

А1он

Можна средба Путин – Трамп наскоро во Кина

А1он

Путин: Нема толеранција за величењето на нацизмот

А1он