Путин: Русија способна да одговори на сите закани

Од:

Русија е способна да пружи ефикасен одговор на терористичките и други закани, а операцијата во Сирија тоа го потврди, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

– Оваа операција потврди дека Русија е способна да даде соодветен и ефикасен одговор на терористичката и која било друга закана во нашата земја, рече Путин на церемонијата на претставување на нови високи воени офицери.

– Терористите, создавајќи упориште во Сирија, утврдувајќи планови за сопствената експанзија и дестабилизација на цели региони, истакна Путин.

– Штом создадоа отскочна даска во Сирија и низа други држави на Блискиот Исток, терористите направија и продолжуваат да прават планови за ширење и дестабилизација на цели региони. Тие регрутираат и продолжуваат да регрутираат во свои редови екстремисти од многу држави, вклучувајќи ги, за жал и Русија и земјите од Заедницата независни држави (ЗНД), рече Путин.

Рускиот претседател ја повика Федералната служба за безбедност (ФСБ) да ги зајакне напорите на отворање врска меѓу вооружените напаѓачи во Русија и меѓународните терористички групи.

– Најважно е да се открие врската меѓу руските есктремисти со меѓународните терористички групи и покровителите, нагласи Путин.

Во специјалните операции убиени се 112 вооружени напаѓачи, вклучувајќи 26 лидери, а над 560 припадници на оружените банди се приведени, наведе ТАСС.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина