Путин: Русија и Куба создаваат нови услови за развој на билатералните односи

Од:

Русија и Куба создаваат нови услови за развој на билатералните односи, изјави во Хавана рускиот претседател Владимир Путин по средбата со кубанскиот претседател Раул Кастро.

– Го разгледавме развојот на трговско-економските врски, рече Путин, истакнувајќи дека станало збор и за нови проекти, на пример изградба на четири блока на ТЕЦ со вкупна вредност од 1,2 милијарди евра, и за морскиот транспорт, медицината и фармацијата.

Путин вети дека Русија ќе помогне за заживување на оф шор производството на нафта преку договори за истражувања на морските предели крај северното крајбрежје на островот.

Кастро од своја страна истакна дека Куба во целост ја поддржува надворешната политика на Русија.

Путин исто така разговараше со 87-годишниот поранешен кубански лидер Фидел Кастро, кој се повлече од функцијата во 2008 година по 49 години на власт.

За време на шестдневнат јужноамериканска турнеја, Путин ќе ги посети и Аргентина и Бразил. Во Бразил тој ќе учествува на средба на врвот на земјите од БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа