Путин: Русија го почитува договорот за неширење на нуклеарното вооружување

Од:

Русија доследно ја почитува Спогодбата за неширење на нуклеарното вооружување (НПТ), порача денеска рускиот претседател Владимир Путин пред  учесниците на конференцијата за оваа спогодба.

„Го намаливме нашиот нуклеарен арсенал на минимално ниво, што претставува значаен придонес кон целосното разоружување“, наведува Путин во пораката што им беше поделена на учесниците на конференцијата во седиштето на ОН во Њујорк, пренесе ТАСС.

Русија планира да продолжи со работата во тој правец и да оддржува рамнотежа меѓу развојот на атомската енергија во мирновременски цели и засилување на режимот на неширење на нуклеарното вооружување, вклучувајќи го и системот за  гаранција на Меѓународната агенција за нуклерана енергија (МААЕ), наведува Путин.

Тој истакна дека Русија се залага за поблиска соработка со сите заинтересирани страни во креирањето на модерен, стабилен и сигурен систем во областа на нуклеарната енергија. Во согласност со член 6 од НПТ, секоја земја потписничка презема обврска да ги продолжи преговорите што водат кон завршување на трката во нуклеарното вооружување.

Рускиот претседател вели дека рамнотежата е еден од клучните елементи за неширењето на нуклеарното вооружување, разоружување и користење на нуклеарната енергија во мирновременски цели, што се гарантира со конвенцијата за оддржливост.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот