Рускиот претседател Владимир Путин, кој е близу 14 години на раководните позиции во државата, планира кога ќе се повлече од политиката да се занимава со правото, книжевноста и спортот пренесоа руските агенции.
-Очекувам по завршување на политичките активности дека ќе имам можност да се занимавам со други прашања и проблеми. Многу го сакам правото, книжевноста и сметам дека ќе успеам да се занимавам со тоа – изјави тој.
На прашањето дали планира да се кандидира за функцијата шеф на државата или пак разгледува некои други можности, тој нагласи дека секој нормален човек секогаш гледа некој хоризонт.
-Во европската политика постојат луѓе кои многу подолг период од мене биле на највисоките места– изјави тој.
Путин од 2000 до 2008 година беше претседател на Русија, а од 2008 до 2012 година беше премиер, се додека во март 2012 година по трети пат беше избран за шеф на државата на шест години.
Елена Георгиевска