Путин нуди помош на САД во истрага на нападот во Бостон

Од:

Претседателот на Русија Владимир Путин, во Сочи изјави дека остро го осудува нападот на Бостонскиот маратон и дека на американските власти им нуди помош во истрагата.

Тој уште во текот на изразување на сочувството, нагласи дека меѓународната заедница треба здружено да се бори против тероризмот.

Никој се уште не ја презеде одговорноста за нападот, а истрагата е во тек.

Путин во Сочи пред натпреварот помеѓу руски и американски тим одржа говор и повика на минута молк со што уште еднаш изрази сочувство до жртвите на терористичкиот напад во Бостон.

Руски официјални лица ветија дека ќе ги преземат сите неопходни мерки, игрите во Сочи да бидат потполно безбедни.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот