Путин: Никој нема да и диктира на Русија како ќе тргува

Од:

Претседателот  на Русија, Владимир Путин порача дека причина да се ограничи испораката на руско оружје во странство може само да бидат санкции на Советот за безбедност на ОН, и дека на Русија не може никој да и диктира како ќе тргува.

„Во сите овие случаи никој и под никаков изговор не може да и диктира на Русија или на било која друга држава со кој и како ќе тргува“, рече Путин.

Според него, „ограничувањата и забраните, еднострани или колективни,  надвор од рамките на СБ на ОН, но пред се политички мотивирани, не се норми на меѓународното право со сите последици кои ги предизвикуваат.

Тој наведе дека договорите за вооружување и воена техника Русија ги склучува со законските и легитимни влади и само поради сигурноста на одбраната на суверените држави.

Русија минатата година на Сирија и продаде оружје вредно милијарда долари, а јасно стави до знаење дека е против било какво воведување ембарго од СБ на ОН на испораката на оружје на таа земја бидејќи смета дека бунтовничките сили во таа земја имаат набавено нелегално оружје.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот