Путин негира дека има здравствени проблеми

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги отфрли тврдењата дека има здравствени проблеми, нагласувајќи дека таквите шпекулации им служат на интересите на неговите политички противници.

– Тие гласини им се од корист само на политичките противници, кои се обидуваат да ги доведат во прашање легитимитетот и ефикасноста на власта, изјави денеска рускиот претседател на годишната прес-конференција.

Кремљ претходно ги отфрли тврдењата дека Путин има сериозни здравствени проблеми, кои се појавија откако беше виден како криви додека оди во септември на азиско-пацифичкиот самит, а извор во руската Влада изјади дека рускиот претседател има проблеми со грбот.

На годишната прес-конференција Путин напомена и дека Русија нема авторитарен систем и оти не може да се согласи со тврдењето дека во земјата има авторитаризам.

– Најдобриот доказ е мојата одлука да ја напуштам претседателската функција по двата претседателски мандати. Доколку сметав дека треба да го изберам патот на авторитаризмот, ќе го изменев Уставот, што немаше да биде тешко, додаде Путин.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина