Путин: Не го украдов прстенот од „Супербоул“

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин демантираше дека го украл трофејниот прстен кој му припаѓа на освојувачот на „Супербоул“, Роберто Крафт, сопственикот на „Њу Ингланд патриотс“.

Наводно кражбата се случила во текот на посетата на Крафт во Санкт Петербург во 2005 година.

– Го симнав прстенот и му го покажав на Путин. Тој го стави и рече „би можел некого да убијам со овој прстен“. Јас тогаш ја испружив раката, а тој својата ја стави во џеб, по што тројца агенти на КГБ застанаа околу него, изјави Крафт.

Сето тоа го демнтантираше портпаролот на Путин, Дмитри Песков.

XXX KRAFTS RING  SD 1746.JPG S RUS

– Ова што го зборува Крафт е лага. Стоев на 20 сантиметри од нив и слушав и видов кога му го даде прстенот на Путин како подарок, изјави тој.

Според неговите зборови прстенот сега се наоѓа во библиотека во Кремљ, каде што се чуваат и останати официјални подароци.

Откако Крафт се вратил и побарал да му се врати прстенот, Белата куќа од него побарала да каже дека станува збор за подарок, за да се избегне дипломатски скандал со Русија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Северна Кореја: Испраќањето војници во Украина би било во согласност со меѓународното право

(ВИДЕО) Русија со дрон погоди станбена зграда во Киев и предизвика пожар на првите катови

ВИДЕО: Руски конвој нападнат во Чеченија, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

Русија им дала на Хутите клучни информации за ракетните напади врз бродови во Црвеното Море објави „The Wall Street Journal“

Новите воени мапи откриваат масовна руска пенетрација на фронтот

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво