Путин не дозволува дезертерство: Кремљ им забрани на високи функционери да поднесат оставки среде војна

Од:

На високи руски функционери им е забрането да поднесат оставка за време на војната во Украина. Доколку се обидат да го сторат тоа тие се под закана од кривично гонење, објави во понеделникот истражувачкиот весник iStories, цитирајќи четири извори запознаени со ова прашање.

Кремљ ја воведе неофицијалната забрана откако многу функционери изразија желба да поднесат оставка од своите функции, објави iStories, цитирајќи извор близок до претседателската администрација.

„Ако сите си заминат, контролата ќе се изгуби“, вели изворот од Кремљ.

Изворот додаде дека Кремљ ја гледа желбата да поднесе оставка како предавство и ги задолжи државните службеници да „покажат единство“.

„Знам за најмалку два случаи кога гувернерите се обидоа да ја напуштат функцијата, но не само што им беше забрането од Одделот за внатрешна политика (на претседателската администрација), туку им навестија дека би можеле да се соочат со кривично гонење“, цитира iStories изјава на поранешен функционер на Федералната служба за безбедност (ФСБ).

Може да има исклучоци од забраната бидејќи е неформална и суштински нелегална, велат изворите на iStories. На пример, функционерите може да бидат разрешени од нивните позиции поради здравствени или корупциски причини.

„Многумина се подготвени да платат висока цена за можноста тивко и дискретно да си заминат сега“, рече еден од изворите.

Би можело да ве интересира

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија