Путин нареди засилени безбедносни мерки на руската граница

Од:

Владимир Путин нареди засилени безбедносни мерки околу руската граница по зголемените напади во земјата.

Вчера, официјални лица соопштија дека три лица се повредени во украинското гранатирање на Белгород, регион кој беше цел на проукраинските борци претходно оваа недела.

Руските региони Курск и Белгород, кои се граничат со Украина, се најчести мети на напади.

Путин издаде наредба за зголемување на безбедносните мерки на граничната служба, која работи како огранок на руската безбедносна служба ФСБ.

„Потребно е да се обезбеди брзо движење на воени и цивилни возила и товар, вклучително и храна, хуманитарна помош, градежни материјали испратени до новите субјекти на (руската) федерација“, рече Путин во пораката објавена на каналот Телеграм на Кремљ насочени кон украинските региони Херсон, Запорожје, Луганск и Доњецк, чија анексија Путин ја најави во септември минатата година.

Би можело да ве интересира

Воздушна опасност низ Украина

Киев сака Грипен од Шведска и Ф-35 од САД

Сенаторот Ренд Пол: „Америка нема да го спаси Киев“

Предраг Петровиќ

Украина би можела да ја изгуби воената поддршка од уште еден клучен сојузник

Предраг Петровиќ

Русија: Соборивме 22 украински беспилотни летала над Крим и Црното Море

Русија нападна неколку градови во Украина, снема струја во пет региони