Путин нареди прекин на огнот во три региони на Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денес му наложи на Министерството за одбрана да прогласи прекин на огнот во областа каде што се опколени украинските сили, со цел да се обезбеди премин на странски новинари, вклучително и на оние од Украина.

„Руското Министерство за одбрана доби наредба од Врховниот командант на Руската Федерација да обезбеди непречен премин на странски новинари, вклучително и украински новинари, кога се обраќаат до командата на Вооружените сили на Украина, со цел да ги посетат блокадните зони на украинските сили во Красноармејск, Димитров и Купјанск“, соопшти министерството.

Командата е подготвена привремено да ги прекине борбените активности во овие зони.

„Командата е подготвена, доколку е потребно, да ги прекине борбените активности за пет до шест часа во гореспоменатите зони, како и да обезбеди коридори за непречен влез и излез на групи претставници на странски медиуми“, се вели во соопштението.

Новинарите од Украина, меѓу другите, ќе имаат можност да ја посетат областа каде што се опколени Вооружените сили на Украина, објави РИА Новости.

Би можело да ве интересира

Ушаков: Трилатералните разговори за Украина се прекинати

Горан Наумовски

Украина ќе остане без пари за две недели

(ВИДЕО) Путин: „Сакаме овој конфликт да заврши што е можно поскоро“

Калас: Mоже да заборавиме на заем од 90 милијарди евра за Украина

Зеленски: Русија бара Украина да се повлече од Донбас во рок од два месеци

29 лица загинаа откако се урна руски воен транспортен авион во Крим