Рускиот претседател Владимир Путин денеска издаде наредба за непланирана воена вежба во регионот на Црното Море, соопшти Кремљ.
Ваквиот потег може да доведе до раст на тензиите со соседните земји, особено со Украина и Грузија.
Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков пред новинарите во Москва изјави дека Путин наредбата ја издал во четири часот по локално време, веднаш по враќањето од Самитот на групата БРИКС во Јужна Африка.
Во воените маневри ќе учествуваат неколку илјади војници и десетина бродови.
Наредбата на Путин е испратена до министерот за одбрана Сергеј Шоигу во запечатен коверт.