Путин на самит во Казахстан, учествуваат и Гутереш, Си Џипинг и Ердоган

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Казахстан на разговори за регионалната безбедност и одбрана, соопшти Кремљ, како и на серија билатерални средби, вклучително и со кинескиот и турскиот лидер.

Шангајската организација за соработка (SCO), форум основан во 2001 година од Кина и Русија како безбедносен надзорник во евроазискиот регион, ќе се состане на самит на 3 и 4 јули во главниот град на Казахстан Астана.

„Лидерите на земјите-членки ќе разговараат за актуелната ситуација и изгледите за натамошно продлабочување на мултилатералната соработка во рамките на организацијата и подобрување на нејзините активности“, објави Кремљ на својата веб-страница.

На состанокот најверојатно ќе доминираат Русија и Кина, со лидерите или претставниците на Азербејџан, Белорусија, Индија, Иран, Казахстан, Катар, Киргистан, Кина, Монголија, Обединетите Арапски Емирати, Пакистан, Таџикистан, Туркменистан, Турција и Узбекистан.

Пристигна и генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Русија во вторникот соопшти дека Путин ќе одржи серија билатерални разговори, вклучително и со кинескиот претседател Си Џинпинг и турскиот претседател Таип Ердоган.

Индискиот премиер Нарендра Моди, кој се очекува во Москва овој месец, нема да присуствува, а земјата ќе ја претставува министерот за надворешни работи Субрахмањам Џаишанкар, соопшти Министерството во вторник.

На минатогодишниот виртуелен самит, групата објави изјава во која го критикуваше, како што рече, негативното влијание на „едностраното и неограничено проширување на глобалните системи за ракетна одбрана од страна на одредени земји или групи земји“, без директно да го спомене проширувањето на НАТО и западната воена помош за Украина.

Би можело да ве интересира

Гледаме дека во Киев се уште не се подготвени да се откажат од политиката на војна, вели Путин

Путин: Подготвен сум да го слушнам ставот на европските партнери за прашањето за решавање на конфликти

Орбан пристигна во Москва кај Путин

Катерина Ѓуровски

Борел: Орбан не ја претставува ЕУ во Москва

Путин: Односите меѓу Москва и Техеран се пријателски, убеден сум дека изборите нема да влијаат на тоа

Путин: Руско-кинеската соработка е важен фактор за стабилизација во светот