Путин: Му благодарам на Моди за неговата посветеност за мирно решение на војната во Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин на денешниот состанок во Москва му се заблагодари на индискиот премиер Нарендра Моди за неговата посветеност на мирното решавање на украинската криза.

– Ви благодарам за вниманието што го посветувате на најитните проблеми, вклучително и на тоа што се обидувате да најдете начини за решавање на украинската криза, пред сè, по мирен пат“, рече Путин на средбата со Моди.

Моди посочи дека Индија е подготвена да помогне на сите начини за воспоставување мир во Украина, пренесе РИА Новости.

„Како ваш пријател, секогаш ви велам дека за светла иднина на нашите идни генерации неопходен е мир и веруваме дека решението не може да се најде со војна“, рече Моди, пренесува Танјуг.

Путин го покани Моди на самитот на БРИКС што ќе се одржи во Казан наесен.

„Нашите земји имаат долгогодишно пријателство, добри односи кои се развиваат со децении, а оваа година славиме 77 години од воспоставувањето дипломатски односи. Денес нашите односи имаат карактер на посебно, привилегирано стратешко партнерство“, рече Путин.

Тој наведе дека е забележан развојот на трговските односи меѓу Русија и Индија и потсети дека лани трговската размена меѓу двете земји е зголемена за 66 отсто, а во првиот квартал годинава за нови 20 отсто.

Руската државна компанија за нуклеарна енергија Росатом денеска објави дека разговара за можноста за изградба на уште шест нуклеарни единици во Индија.

Премиерот на Индија од 8 до 9 јули е во официјална посета на Русија и тоа е негово прво патување во Руската Федерација по пет години. Во понеделникот Путин и Моди веќе имаа неформални разговори во резиденцијата на рускиот претседател во Ново-Огарево.

Би можело да ве интересира

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Што значи новата руска нуклеарна доктрина што ја потпиша Путин