Путин: Москва е во досегот на украинските нуклеарни проектили, Договорот од Минск веќе не важи

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска истакна дека не кажал дека руската армија веднаш ќе оди во Донбас, додавајќи дека договорот од Минск веќе не постои.

-Украинските разговори околу нуклеарните амбиции беа насочени кон Русија и ние ја добивме пораката. Москва е во досегот на украинските нуклеарни проектили, изјави Путин, пренесуваат британските мекидуми.

Тој, исто така, кажа дека „Украина, вооружена до заби, е антируски настроена, што е неприфатливо.

-Невозможно е да се предвидат конкретните акции на руската армија во Донбас. Украина треба да се демилитаризира. Најдобрата одлука што може да ја донесе Киев е да се откаже од своите амбиции да се приклучи на Алијансата, истакна Путин.

Рускиот претседател додаде дека Договорот од Минск повеќе не постои и дека веќе нема што во него да се исполни.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руската одбрана уништи украински беспилотни летала над Русија

„Њујорк тајмс“: Бројот на Севернокорејци во Курск е преполовен

Володин: Секоја дискусија за убиството Путин е почеток на нуклеарна војна

Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски