Путин: Испораките на оружје за Украина нема да сменат ништо на бојното поле

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека новите испораки на оружје за Украина нема да променат ништо на бојното поле, туку само дополнително ќе го ескалира конфликтот.

Во телевизиско обраќање, по завршувањето на самитот на НАТО во Вилнус во вторник и среда, Путин истакна дека тенковите што западните сили ќе ги испратат во Украина ќе бидат „приоритетни цели“ на руските сили на фронтот.

„Странските тенкови горат подобро од возилата од советско производство“, рече Путин, пренесе РИА.

Како што пренесува Ројтерс, Путин го повторил своето противење Украина да влезе во Алијансата, објаснувајќи дека тоа ќе ја загрози безбедноста на Русија.

Зборувајќи за продолжувањето на Црноморскиот договор за извоз на жито, тој рече дека Русија може да се повлече од Црноморскиот договор за жито додека другите страни не ги исполнат своите ветувања.

Договорот кој овозможува безбеден извоз на украинско жито и ѓубрива од пристаништата на Црното Море истекува следниот понеделник, потсетува Ројтерс.

Москва постојано се закануваше дека ќе го блокира неговото продолжување поради аспектите на неговото спроведување кои влијаат на извозот од Русија.

Путин истакна дека Русија е во контакт со ОН за тоа прашање, но исто така рече дека не ја видел пораката што му ја испратил генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, во која е предложен компромис за продолжување на договорот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски