Рускиот претседател Владимир Путин и шефот на египетската држава Абдел Фатах ел Сиси во тек на состанокот во Каиро се согласиле за изградба на нуклеарна централа.
Аналитичарите наведуваат дека цел на посетата на Путин, помеѓу останатото е да покаже дека и покрај украинската криза не е меѓународно изолиран.
Како што пренесуваат агенциите Путин и Сиси по краток разговор го потпишале меморандумот за изградба на нуклеарна централа во Даби на брегот на Средоземно море.
-Доколку можеме да постигнеме конечни одлуки, тогаш можеме да создадеме и нов сектор во египетската економија кој се заснова на изградба на централа, обука на техничкиот кадар и развој на научното истражување – нагласи Путин.
Е. Г.