Путин и Макрон разговараа за Запорожје

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот француски колега Емануел Макрон разговараа за безбедносната ситуација во украинската нуклеарна централа Запорожје, соопшти Кремљ.

Во телефонски разговор, двајцата лидери изразиле подготвеност за „аполитична интеракција“ со учество на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Кремљ.

„Руската страна скрена внимание на редовните украински напади врз електраната, вклучително и врз складиштето на радиоактивен отпад, што може да резултира со катастрофални последици“, се вели во соопштението.

Русија и Украина се обвинуваат меѓусебно за ракетирање на централата, ризикувајќи нуклеарна катастрофа. Работата на електраната денеска беше целосно прекината од безбедносни причини.

Двајцата лидери разговараа и за глобалните прашања за безбедноста на храната. Според Кремљ, Путин му рекол на Макрон дека е важно Европската Унија да не го попречува извозот на руска храна и ѓубрива во Африка, Латинска Америка и Блискиот Исток.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руски напади со дронови врз Харков и Запорожје

А1он

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Русија: Нуклеарната централа Запорожје е наша и точка

Двајца повредени во руски напад на Запорожје

Горан Наумовски

Украински напад врз Запорожје: Се е во пламен

Горан Наумовски

Украинските вооружени сили извршија напад во близина на нуклеарниот реактор во Запорожје