Путин и Лукашенко ги здружија војските

Од:

Рускиот и белорускиот претседател Владимир Путин и Александар Лукашенко се договорија за формирање заеднички армиски единици.

Претходно денеска, белорускиот претседател одржа состанок со војската и безбедносните сили на земјата и им изјави на новинарите дека Минск бил предупреден преку неофицијални канали за планови за напад на белоруска територија од Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот претседател Александар Лукашенко се договорија за распоредување на заедничка регионална група сили.

„Во врска со влошувањето на ситуацијата на западните граници на Унијата, се договоривме да распоредиме регионална групација на сили од Руската Федерација и Република Белорусија. Сето тоа беше направено во согласност со постоечките договори кои велат дека кога Заканата го достигна нивото што го има сега, почнуваме да ги групираме силите на Унијата. Морам да ве информирам дека започна формирањето на оваа група. Мислам дека ќе треба околу два дена“, рече Лукашенко, обраќајќи им се на новинарите.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија