Рускиот претседател Владимир Путин телефонски контактирал со шефот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард за да дискутираат за исходот од референдумот во Грција, соопшти Кремљ.
„Имаше дискусија за прашања кои се однесуваат на соработката меѓу Русија и ММФ, во контекст на резултатите од референдумот одржан на 5 јули во Грција, и за условите за продолжување на финансиската помош за Атина од страна на меѓународните кредитори“, се вели во соопштението.
Според Кремљ, разговорот завршил со изразување надеж дека ќе продолжат напорите за изнаоѓање најдобро решение за проблемот со грчкиот долг, со земање предвид на интересите на сите страни.