Путин и Асад разговараа за враќање на бегалците во Сирија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот сириски колега Башар ал Асад разговараа денеска за враќање на бегалците во Сирија.

Путин во видео повикот со Асад истакна дека се создадени услови во земјата за враќање на бегалците.

– Сега кога е воспоставен мир во поголемиот дел на Сирија, постои одлична можност да се обезбеди масовно враќање на бегалците, нагласи рускиот претседател.

Тој додаде дека е потребно да се гарантира природно одвивање на процесот и да нема принуда.

– Сите Сиријци треба сами да донесат одлука откако ќе добијат доверливи информации за ситуацијата во својата земја, посебно за чекорите кои Вие, господине претседателе, и сириските власти, ќе ги преземете за обновување на мирниот живот, изјави Путин, обраќајќи му се на Асад.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа