Путин го смени потпретсеадтелот на Олимпискиот комитет, игрите во Сочи најскапи во историјата

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин го смени денеска од функција потпретседателот на националниот Олимписки комитет Ахмед Билалов заради доцнење во изградба на скокалница за ЗОИ кои ќе се одржат идната година во Сочи.

Во Москва претходно беше објавено дека тие игри ќе бидат најскапи во историјата.

ЗОИ во Сочи ќе ја чини Русија 51 милијарда долари односно петпати повеќе отколку првично предвидените трошоци.

Во изградбата според руски медиуми кои цитираат валдини извори, се вложени околу три четвртини од таа сума.

Во САД за инфраструктура и олимписки објекти во Солт Лејк Сити во 2002 година се потрошени 3 милијарди долари додека Олимпијадата во Ванкувер во 2010 година ја чинеше Канада околу 1,7 милијарди долари.

ЗОИ во Сочи ќе ја чинат Русија 10-пати повеќе отколку ЛОИ во Пекинг во 2008 година.

Би можело да ве интересира

„Фајненшл тајмс“: Резолуцијата за Украина ги обединува САД, Русија и Кина против Европа

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Песков: Познат е ставот на Москва за распоредувањето европски мировници во Украина

Путин: Русија сака Украина да стане пријателска држава, Зеленски нема шанси да биде реизбран

Горан Наумовски

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски