Путин го смени министерот за одбрана

Од:

Рускиот претседател Владмири Путин го смени министерот за одбрана Анатолиј Сердјуков и на тоа место го постави Сергеј Шојгу, досегашен гувернер на Московска област.

Портпаролот на Путин изјави дека Сердјуков е сменет за да може да се продолжи со темелната истрага во врска со проневерата на државен имот вреден околу 100 милиони долари, во фимрата Оборонсервис, која е под контрола на руското министерство за одбрана.

Минатата седмица беше извршен претрес во централата на Оборонсервис, а руските власти досега покренаа пет кривични постапки во врска со оваа компанија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина