Путин го разреши командантот на копнените сили

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши долгогодишниот командант на копнените сили генерал – Олег Саљуков и го назначи на нова функција – заменик секретар на рускиот Совет за безбедност, објавија денеска руските државни медиуми.

Во указот објавен во официјалниот регистар на претседателски решенија, се наведува дека Саљуков е разрешен од функцијата командант на армијата, која ја извршуваше од 2014 година.

Покрај редовната команда на копнените сили, генералот Саљуков минатата година ја вршеше функцијата заменик командант на здружените руски сили во Украина, што ја зајакна неговата улога во инвазиските операции.

Саљуков во јавноста е познат и како долгогодишен командант на воената парада во Москва, а последен пат во таа улога се појави на 9 мај, кога ја предводеше прославата на 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, која Русите ја слават како Ден на победата.

Руските медиуми се уште не наведуваат кој ќе ја преземе функцијата командант на копнените сили, а од Кремљ не ги коментираат причините за промената.

Назначувањето во Советот за безбедност се толкува како префрлање во кругот на најблиските луѓе на Путин, а често и како начин за отстранување на високи офицери од оперативните позиции.

Би можело да ве интересира

Трамп доби уверување од Путин дека Русија нема агресивни намери кон Европа

А1он

Трамп денеска ќе има телефонски разговор и со Путин, и со Зеленски

А1он

Путин: Русија се движи кон крајот на војната во Украина

А1он

Путин: Русија во моментов се бори за сегашноста и иднината

А1он

Можна средба Путин – Трамп наскоро во Кина

А1он

Путин: Нема толеранција за величењето на нацизмот

А1он