Путин: Главна закана за Сирија и соседните земји се активностите на ИД и други групи за кои се залага Западот

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за Анадолија изјави дека главна закана за влошување на ситуацијата во Сирија и соседните земји се активностите на Исламска држава и други групи, на кои Западот се залага.

– Ситуацијата во Сирија како и досега, останува сериозно опасна. И ние добро разбираме колку тежок товар е за Турција континуираните крвави конфликти во нејзините соседни земји. Главна закана за понатамошно влошување на ситуацијата таму и во други држави се активностите на Исламска држава и други радикални групи, на кои активно се залагаат некои западни држави, истакна Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин се очекува на 1 декември да замине во официјална посета на Турција.

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски