Рускиот претседател Владимир Путин потпиша четири закони за ратификување на анексија на Руската Федерација на окупираните украински региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон.
Руските сили во моментов не контролираат целосно ниту една од четирите области.
Рускиот државен медиум Тасс пренесува дека документите се објавени.
„Границите на новите субјекти на Федерацијата, како што произлегува од договорот, ќе бидат утврдени со границите што постоеле на денот на нивното формирање и прием во Руската Федерација. До изборот на лидерите на новите региони. Во согласност со руските закони, тие ќе бидат предводени од привремени вршители на должност назначени од Путин“, објави Тасс.