Путин: Европа е виновна за енергетската криза

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „Европа е виновна за актуелната енергетска криза“, откако високите цени на бензинот предизвикаа обвинувања дека Москва ги прекинува испораките за да изврши притисок врз Западот.

„Тие направија грешки“, рече Путин на телевизиска средба со руски енергетски претставници, откако критичарите ја обвинија Москва дека намерно ја ограничила испораката на гас во обид да го забрза стартот на гасоводот „Северен поток 2“, што ја поврзува Русија со Германија.

– Инвестициските планови на глобалниот пазар на енергија имаат долгорочна природа што не толерира врева и конфузија, додаде тој.

Според Путин, светската економија успешно закрепнува по минатогодишната криза и побарувачката за енергија расте, што, пак, доведува до повисоки цени.

Тој нагласи дека „наглите и непромислени дејствија може да доведат до сериозна нерамнотежа“, наведувајќи ја ситуацијата на европскиот енергетски пазар, на која оваа година влијаеја неколку негативни фактори.

– Хаотичните и политички влијанија се неприфатливи во која било област, вклучително и енергетиката, рече Путин.

Според него, Европската комисија направила грешка што ги напуштила долгорочните договори и се фокусирала на тргувањето со гас.

– Денес стана сосема јасно дека оваа политика се покажа како погрешна, истакна рускиот претседател Владимир Путин.

Би можело да ве интересира

Путин: Русија ќе ги зајакне своите воени капацитети

А1он

Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица

А1он

Трамп разговараше со Путин: Веднаш започнуваме преговори за Украина, ќе го известам Зеленски

А1он

Трамп ја сподели изјавата на Путин: Европа ќе застане пред нозете на својот господар

А1он

Путин: Маринците од Далечниот Исток се борат во Курск цврсто, вешто и храбро

А1он

Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку

А1он