Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица

Од:

Руското правосудство во текот на минатата година осудило 1.075 лица за „тероризам“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, додека во тек е силна акција против критичарите на војната во Украина.

Иако Русија постојано е цел на терористички напади и бомбашки напади, вклучително и оние организирани од џихадистичката организација Исламска држава, обвинението за „тероризам“ има многу поширока употреба во рускиот судски систем.

Случаите на „тероризам“, но и „екстремизам“, „предавство“ и „шпионажа“ се намножија за три години против Русите обвинети за соработка со Киев или дека се противници на „специјалната војна“ – рускиот напад врз Украина.

Овие судења обично се одржуваат зад затворени врати во воените трибунали и неколку детали се објавуваат во јавноста. Често се изрекуваат многу тешки затворски казни.

– Минатата година околу 950 такви случаи (за тероризам) беа истражени и 1.075 лица беа осудени – рече Путин во говорот пред судиите.

Според руската невладина организација за права ОВД-Инфо, во Русија се гонети 1.184 лица поради противење на конфликтот во Украина.

Според Олег Орлов, ко-основач на организацијата Меморијал, Русија држи 868 политички затвореници, а веројатно има и повеќе.

Би можело да ве интересира

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот