Путин: Да не се шпекулира за посебните етнички права на Крим

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди денеска дека не треба да се шпекулира за наводните посебни права на која било нација на полуостровот Крим.

– Сите шпекулации на тема какви било посебни права за граѓаните кои припаѓаат на одредена националност, одреден етнос, ги сметам за исклучително опасни, изјави Путин за време на својата работна посета на Крим.

– Потребно е да се штитат правата на сите жители на Крим и Севастопољ независно од тоа дали се Руси, Украинци, кримски Татари или претставници на други етноси, нагласи рускиот претседател.

Путин истакна дека „темата за меѓунационалните односи е деликатна и претставниците на власта и заедниците треба да дејствуваат внимателно и преку дијалог“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми