Пукање во студентскиот дом на Универзитетот во Оклахома, неколку лица се повредени

Од:

Повеќе лица се повредени во пукотница во студентскиот дом на Државниот универзитет во Оклахома (OSU) денес, соопшти локалната полиција.

Во соопштението објавено од „Фокс њуз“ се вели дека полицајците одговориле на пријава за пукотница во студентскиот дом „Карекер Ист“ околу 3:40 часот по локално време, додека локалните медиуми објавија дека три лица се хоспитализирани по пукотницата.

Шефот на полицијата на Државниот универзитет во Оклахома, Мајкл Бекнер, изјави дека меѓу повредените е најмалку еден студент. Според полициското соопштение, сите ранети се лекуваат во болниците во Оклахома Сити и Талса.

Полицијата соопшти дека првичните извештаи сугерираат дека пукотницата се случила по голема, приватна забава на локација надвор од кампусот, кога присутните го напуштиле настанот и се вратиле во студентскиот дом, каде што се случил инцидентот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање на хокеарски натпревар во САД, има мртви и повредени

Катерина Ѓуровски

Две лица загинаа во пукање на државен универзитет во Јужна Каролина

Има жртви во оружена престрелка во Лос Анџелес

Пукање во Америка: Најмалку шест лица се убиени на три различни локации

Пукање пред црква за време на погреб во САД, две лица се мртви, шестмина се ранети

Полицаец убиен во пукотница во Делавер