Вооружен напаѓач убил три лица во тек на општински состанок во североисточна Пенсилванија, пред да биде совладан од локално официјално лице.
Инцидентот во која се повредени уште најмалку две лица се случил синоќа, во местото Рос Тауншип, на 137 километри од Филаделфија – изјави директорот за вонредни состојби на округот Монро, Гај Милер.
Пеесет и деветгодишниот напаѓач, Рокни Њувел имал нерасчистени сметки со општинските официјални лица.
Според зборовите на очевидците, тој најпрвин пукал во ѕидот на општинската зграда, додека внатре течел состанокот, а потоа влегол во просторијата и продолжил да пука, се додека еден од присутните не успеал да му го одземе оружјето.
Елена Георгиевска