Пукање во Њу Хемпшир, еден е убиен, неколкумина се повредени

Од:

Еден маж е убиен, а неколку други се повредени во пукотница во кантри клуб во Нашуа, Њу Хемпшир, соопштија властите. Осомничениот е приведен и истрагата е во тек.

Инцидентот се случил околу 20 часот по локално време, околу 45 милји северозападно од Бостон, објави CBS News.

Главниот обвинител на Њу Хемпшир, Џон Формела, и шефот на полицијата во Нашуа, Кевин Рурк, потврдија дека еден маж е убиен, а неколку други се повредени во пукотницата.

Според сведок, вооружениот напаѓач извикувал „слобода за Палестина“ во времето на пукотницата, објави „Тајмс оф Израел“. Формела, сепак, не сакаше да ја потврди оваа изјава ниту да коментира дали станува збор за евентуално злосторство од омраза, нагласувајќи дека случајот е сè уште во фаза на истрага.

Полицијата првично објави дека двајца вооружени осомничени избегале од местото на настанот, но по прегледувањето на снимките од безбедносните камери, беше утврдено дека имало само еден напаѓач, кој сега е во притвор.

„Снимката потврди дека имало само еден напаѓач. Тој е приведен, местото на настанот сè уште се истражува, но нема опасност за јавноста“, се вели во соопштението на локалната полиција.

Би можело да ве интересира

Полицаец убиен во пукотница во Делавер

(ВИДЕО) Објавена снимка од осомничениот, интензивна потрага по напаѓачот од Универзитетот Браун

Горан Наумовски

Пукотница на Универзитетот Браун: Најмалку две жртви и осум повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинаа, а 14 се ранети на роденденска забава во Стоктон

Пукање во студентскиот дом на Универзитетот во Оклахома, неколку лица се повредени

Чикаго како воена зона – солзавец, гумени куршуми и пукање