Пукање во Германија: Повредените лежат на улица, едно лице е реанимирано

Од:

Пред судската зграда во Билефелд денеска се дојде до оружен инцидент во кој се повредени неколку лица, пренесува Билд.

Во моментот на пукањето, во судот му се судеше на Хусеин Акурт (38), осомничен за убиството на германскиот боксер Бесар Нимани. Акурт беше уапсен во средината на јули во Брисел, а вториот осомничен за убиството се уште е во бегство.

Според очевидци, неколку повредени лица лежеле на улица, а едно лице е реанимирано. Полицијата и спасувачките служби се на терен.

Не се знае кој го испукал истрелот, ниту дали напаѓачот е фатен.

За потсетување, како што веќе пишувавме, полицијата во Германија објави дека е во состојба на готовност пред традиционалните карневали оваа и следната недела, откако социјалните мрежи поврзани со терористите на Исламската држава (ИД) повикаа на напади насочени кон славениците во Келн и Нирнберг.

Би можело да ве интересира

Даблин: Неколку лица се избодени со нож, напаѓачот е уапсен

Горан Наумовски

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Тинејџер со полуавтоматска пушка пукал и ранил две лица во Велика Кладуша

Горан Наумовски

30 дена притвор за насилник кој со нож рани двајца малолетници

Двајца ранети во оружен инцидент во село Арачиново

(ВИДЕО) Пукање во Приштина: Има убиени и ранети

Горан Наумовски