Пукање во Далас, убиени две лица

Од:

Две лица загинаа во престрелка во болница во градот Далас, во американската сојузна држава Тексас, а полицијата го идентификуваше осомничениот за престрелката и го рани.

Како што е наведено во соопштението на полицијата, Нестор Ернандез (30) е уапсен откако полицаец од здравствениот систем го ранил во Медицинскиот центар „Методист“ во Далас, пренесе АП. Toj бил пренесен во друга локална болница на лекување, објави Dallas Morning News.

„Полицаец на методистичкиот здравствен систем пристигна на местото на настанот, се соочи со осомничениот и пукаше од неговото оружје кон него, повредувајќи го“, рече портпаролот на болницата Рајан Овенс.

Имињата на жртвите не се објавени. Ернандез бил на условна слобода по тежок грабеж, се вели во соопштението на полицијата.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси маж од прилепско кој пукаше со пиштол и пушка

Горан Наумовски

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски

Пукање во скопското село Моране, тешко повреден е маж кој е пренесен во болница

Тајната служба застрела маж пред Белата куќа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пукање во Торонто: Осомничениот во бегство откако рани најмалку 12 луѓе