Пукање на Тајмс Сквер, застрелан е маж, напаѓачот е во бегство

Од:

Маж е застрелан денес на Тајмс Сквер, Њујорк, а полицијата трага по напаѓачот, соопштија локалните власти.

Пукањето се случило околу 5 часот наутро по локално време, а жртвата се здобила со рана во десното рамо, објави „Њујорк пост“.

Еден маж (29) бил префрлен во блиската болница по инцидентот и е во стабилна состојба.

Сè уште не е познато како се случила пукотницата, но очевидци на социјалните мрежи изјавија дека четири или пет истрели биле испукани по расправија меѓу група млади мажи.

Полицијата додаде дека потрагата по напаѓачот продолжува.

Би можело да ве интересира

Пукотница во САД: Две лица загинаа, ранети се тројца полицајци

(ВИДЕО) Масовно пукање во Чикаго: Едно лице загина, деветмина се повредени

Горан Наумовски

Осум лица, меѓу кои четири деца, загинаа во Монтана

Вооружен напад во Северна Каролина, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Пукање на фестивал во Сиетл: Тројца се мртви, најмалку четворица се ранети

Петмина убиени во пукотница на прославата на Денот на независноста на САД