Пуџдемон: Каталонија не сака трауматична разделба со Шпанија

Од:

Претседателот на каталонската регионална Влада, Карлес Пуцдемон денеска изјави дека не планира „трауматична“ разделба со Шпанија, откако вчера во Каталонија беше одржан референдум за независност, што Мадрид го смета за нелегален.

– Не сакаме трауматична разделба. Сакаме разбирање со шпанската Влада, нагласи Пуџдемон.

Тој наведе дека досега не остварил конктакт со шпанската Влада.

Пуџдемон оцени дека резултатите од референдумот се „обврзувачки“, повикувајќи на „меѓународно посредување во решавање на кризата со Мадрид“.

Каталонскиот лидер најави и формирање на специјална комисија што би требало да ги испита обвинувањата за кршење на основните човекови права и најави покренување на правна постапка за „одговорните за насилството“.

Тој посочи дека досега 73 Каталонци поднеле официјални тужби против шпанската национална полиција.

– Тоа беше ден кога го доживеавме најголемото неоправдано насилство во последните 40 години. Не само што тоа повеќе не смее да се повтори, туку и не смее да остане неказнето, потенцираше Пуџдемон.

Речиси 850 лица беа повредени вчера во судирите до кои дојде при обидите на шпанската национална полиција да ги затвори гласачките места за референдумот за независност на Каталонија.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени