ПССЕ повикува на поостри мерки против даночните прибежишта и перењето пари

Од:

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) бара нови и подобро спроведување на постоечките закони во борбата против даночните раеви и перењето пари, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Со усвојување на извештајот на Стефан Шенах (Австрија) за лекциите од „Панама пејперс“, паневропското собрание потсетува на „незадоволството во јавноста” по овие откритија.

„Граѓаните не сакаат да ги следат и да ги толерираат правните системи кои овозможуваат избегнување на оданочувањето од страна на големите компании и многу богатите луѓе, како и нелегално стекнатиот имот да се крие далеку, додека тие плаќаат даноци”, посочија пратениците.

Политичарите треба да покажат поголема транспарентност во нивните деловни активности за да се спречи ерозијата на довербата на јавноста, беше нагласено меѓу другото од ПССЕ.

Пратениците повикаа на спроведување серија мерки, вклучувајќи ги и „поголемата транспарентност и стабилност на националните даночни системи, подобра заштита на свиркачите и повеќе средства за истраги за даночна измама, како и избегнување на затајување данок“.

Би можело да ве интересира

Грушко: Русија не планира враќање во Советот на Европа

Ана Ололовска

Путин предлага раскинување на 21 договор на Советот на Европа кои се однесуваат на Русија

Ана Ололовска

ПССЕ ја повика Турција да не го усвојува законот за криминализирање на „лажните или погрешни информации“

Ана Ололовска

Унгарија ставена под мониторинг на парламентарците од Советот на Европа за владеењето на правото

Ана Ололовска

ПССЕ повикува на мерки за борба против исламофобијата во Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан

Ана Ололовска