ПССЕ: Безбедносниот пристап не е доволен за спречување на заканата од странските борци во ИД

Од:

Парламентраното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) изразувајќи голема загриженост поради проблемот со странските борци кои заминуваат во Сирија и Ирак во редовите на Исламската држава и другите екстремни групи, оцени дека е потребно подобро да се разберат длабоките причини поради кои тие заминуваат, како и да се најдат соодветни политички одговори за да се спречи нивното заминување, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Ова е дотолку поургнетно имајќи пред вид дека заканите за националната и меѓународната безбедност се се поголеми, затоа што меѓу неколкуте илјади странски државјани кои се борат во редовите на ИД, ими и многу Европејци, кои по кои по враќањето можат да вршат напади во европските градови.

Од тие причини ПССЕ усвои резолуција, предложена од белгискиот парламентарец Дирк Ван дер Маелен, во која се наведени серија фактори кои можат да доведат до радикализација на едно лице, било да се тоа политички, социјално-економски и идеолошки причини, потрага по идентитет и припадност, социјална маргинализација, незадоволство од ситуацијата во една земја, прифаќање на групната идеологија или притисок од своите блиски итнен.

– Во однос на одговорите кои треба да се дадат на овие прашања, според ПССЕ, само безбедносниот пристап не е доволен. Потребно е да се урамнотежи репресијата на криминалните однесувања со заштита на населението и на човековите права и превенција на радикализацијата и повторното вклучување на повратниците во нивните заедници, па и во случај по отслужувањето на соодветни казни затвор, се залагаат парламентарците од 47-те земји-членки на Советот на Европа.

Усвоениот текст на пленараната сесија повикува да бидат донесени мерки со кои ќе биде дозволено спречување на ширењето на екстремистичка насилна пропаганда на интернет, спроведување обуката на религиозните лидери за почитување на демократските вредности и спречување на радикалзиацијата на затворениците во затворските установи.

ПССЕ исто така побара засилување на соработка на националните и локалните власти со специјализираните агенции, со цел да се разменуваат корисни информации, искуства и добри практики.

Би можело да ве интересира

Грушко: Русија не планира враќање во Советот на Европа

Ана Ололовска

Путин предлага раскинување на 21 договор на Советот на Европа кои се однесуваат на Русија

Ана Ололовска

ПССЕ ја повика Турција да не го усвојува законот за криминализирање на „лажните или погрешни информации“

Ана Ололовска

Унгарија ставена под мониторинг на парламентарците од Советот на Европа за владеењето на правото

Ана Ололовска

ПССЕ повикува на мерки за борба против исламофобијата во Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан

Ана Ололовска