Псовки, викање, навреди – се појави новиот Берлускони

Од:

Бепе Грило, поранешен ТВ водител, а сега комедијант и водач на популистичкото движење „Движење на петте ѕвезди“ на парламентарните избори следната пролет во Италија може да направи голема сензација.

Тој со бизарните настапи се заканува да го засени дури и поранешниот премиер Силвио Берлускони.

Грило оваа недела ја почна кампањата на своето движење за регионалните избори во Сицилија, така што тргна од Калабрија, го преплива Месинскиот теснец и стигна на островот. Слични пливачки потфати во минатото имале и Бенито Мусолини и Мао Цетунг, а во скоро време Владимир Путин.

Идеологијата на неговото движење М5с (Movimento 5 Stelle) самиот го нарекува „демократија од самите  корени“, но не е јасно дали идеологијата воопшто и постои. Грило во обраќањата говори дека Италија е во тешка економска криза и општестевни проблеми, но не нуди решение, туку  постојано користи псовки.

Тој во есента 2007. година изведе на улица околу 2 милиони Италијани на прославата на В денот, наречен по псовките “vaffanculo” (оди во …).

Од тогаш неговото влијание  е големо, за што допринело и тоа што е исклучително активен блогер и знае да ги користи социјалните мрежи. Беше голем критичар на Берлускони, иако има сомнеж дека е поврзан со него.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он