Психолошка контрола на руските функционери за подложност на корупција

Од:

Руските државни претставници би можеле да бидат подложени на психолошка проверка, со цел да се докаже дека не би биле „слаби“ при евентуална корупција.

Тоа го објави денеска весникот „Известја“, повикувајќи се на Министерството за труд и социјална заштита на Русија.

– Таквото тестирање е дел од програмата за развој на државната служба од 2015 до 2018 година, изјавил шефот на таа служба, Дмитриј Баснак.

Тестовите кои би можело да бидат во форма на интервјуа, би започнале од јуни следната година, но програмата засега не е одобрена.

Баснак вели дека вистинските прашања во такви интервјуа гарантираат во висок процент доверлив резултат од дури 90 отсто.

Според статистички податоци лани се пријавени повеќе од 28.000 случаи на корупција, што е за 10.000 повеќе во споредба со 2012 година.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија