Првпат по три години, Русија води офанзива во областа Днепропетровск во Украина

Од:

Руската армија денеска објави дека спроведува офанзива во украинската област Днепропетровск, која се граничи со Доњецк, првпат по повеќе од три години конфликт.

„Единиците на 90-та оклопна дивизија стигнаа до западната граница на Народната република Доњецк и ја продолжуваат офанзивата на територијата на регионот Дњепропетровск“, напиша руската војска на Телеграм, користејќи го името што Москва го користи за анектираниот регион Доњецк.

Русија, исто така, објави дека зазела уште еден мал град во областа Доњецк, Зарија.

Влегувањето на руската армија во областа Днепропетровск претставува нов симболичен удар за украинските воени сили кои се борат на првите борбени линии со недостиг од војници и оружје.

Покрај симболичниот аспект, ова напредување на руските сили може да има и стратешко значење на теренот, со оглед на дипломатските дискусии што Вашингтон ги охрабрува да се постигне решение за конфликтот.

Пред руската офанзива, во февруари 2022 година, околу три милиони луѓе живееле во регионот Днепропетровск, вклучувајќи уште еден милион во регионалниот главен град Днепро, кој е редовна цел на смртоносни напади со беспилотни летала и ракети.

Многу Украинци, бегајќи од борбите во источните региони Доњецк и Луганск, најдоа засолниште таму по првиот напад на руските трупи.

Би можело да ве интересира

Пропадна велгденското примирје: Украина и Русија се обвинуваат за напади

Захарова: Ги предупредивме балтичките земји, ако имаат барем малку разум, ќе послушаат

ВИДЕО: Жесток украински напад на Русија, половина милион домаќинства останаа без струја

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Русија ќе одговори ако Украина ја нападне од воздушниот простор на друга земја

Украински дронови се урнаа во Финска

Катерина Ѓуровски