Првите француски војници пристигнаа во Украина

Од:

Првите 100 борци на Француската легија на странци се префрлени во Славјанск, во Доњецката Народна Република, објави телеграм каналот „Воена хроника“.

Како што е наведено, претставници на третиот пешадиски полк на Француската легија на странци пристигнале во четвртокот на локацијата на 54-та одделна механизирана бригада на вооружените сили на Украина во Славјанск.

Станува збор за специјалисти за артилериско извидување и инженерска група, чија специјалност е основање и изградба на полски утврдувања, пренесоа руските медиуми.

„Французите се движат низ градот само придружувани од украински воен персонал. Се претпоставува дека странците ќе им помогнат на украинските вооружени сили во одбраната на Славјанск кога линијата на фронтот ќе се движи кон тој град“, се прецизира во веста.

Претходно, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, предупреди дека командата на француската легија на странци на почетокот на март го утврдила составот на тактичката група на ниво на баталјон од околу 1.500 луѓе.

Би можело да ве интересира

Тројца француски војници убиени во операција во Мали

Жарко Настоски

Француски војници ликвидираа џихадистички лидер во Мали