Првите елементи на антиракетниот штит на пат кон Романија

Од:

Романскиот министер за одбрана Мирча Душа денеска во воената база во Девеселу изјави дека првите елементи на противракетниот штит, кој ќе биде инсталиран таму, се веќе на пат кон Романија, а базата ќе стане оперативна следната година.

– Првите елементи се на пат кон Романија, но не можам да соопштам кога точно ќе пристигнат во Девеселу, бидејќи станува збор за безбедносен транспорт, истакна Душа.

Тој додаде дека се оди според планот, како делот кој треба да го исполни романската страна, така и оној што се спроведува од американската страна.

– Имајќи го предвид фактот дека во 2015 година воената база во Девеселу треба да стане оперативна, денеска сакав да проверам до кој стадиум се стигнати работите, како во самата база така и надворешните работи, кои се задача на локалниот совет на Девеселу, нагласи романскиот министер.

Изградбата на противракетната одбрана во воената база во Девеселу започна кон крајот на октомври 2013 година. Романија и САД на 13 септември 2011 година склучија договор за поставување одбранбен систем од балистички ракети на романска територија.

Во базата ќе бидат поставени радарски комплекс „Иџис“, центар за оперативно управување на ПРО и мобилни батерии со ракетни пресретнувачи SM3-IB. Системот ќе биде надгледуван од 200 американски војници

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски