Првиот човек на европските аеродроми за системот EES: „Престанете да се преправате дека функционира“

Од:

Претседателот на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) во Европа, Штефан Шулте, го критикуваше системот за контрола на влезот и излезот на граѓани кои не се членки на ЕУ на границите на Унијата.

Станува збор за Системот за влез-излез (EES), кој Унијата го применува веќе неколку месеци и кој вклучува контрола на патниците врз основа на биометриски податоци. Шулте им порача на политичарите од ЕУ дека треба да престанат да се преправаат дека EES функционира сосема добро.

– Патниците чекаат во редици со часови во најпрометните периоди и едноставно не знам како ќе се справиме со очекуваното зголемување на сообраќајот во наредните недели – рече Шулте, кој е и раководител на компанијата Фрапорт што управува со меѓународниот аеродром во Франкфурт.

На аеродромите во ЕУ има проблеми од воведувањето на EES. Еден таков проблем се случи во април, кога патниците на линијата Милано-Манчестер ги пропуштија своите летови поради проблеми на пасошката контрола.

Шулте смета дека е потребна целосна флексибилност за граничните контроли да можат да ја суспендираат примената на EES, кога е потребно за да се избегне хаос. Тој повика на преиспитување на споменатиот систем.

ЕУ дозволува привремено суспендирање на EES во одредени околности до септември.

Сепак, Шулте потсети дека летниот шпиц трае подолго од септември и дека после тоа би можеле да се соочат со целосен колапс на системот, пренесува BBC.

Би можело да ве интересира

ЕК предлага олеснување за возачите од Западен Балкан поради системот EES

Горан Наумовски

Девет земји бараат од Брисел да го ублажи воведувањето на новите гранични проверки

Фон дер Лајен ги призна проблемите: Летните патувања заглавени поради новите контроли на ЕУ

А1он

Ако има големи гужви, системот ЕЕС во Грција може привремено да функционира без земање биометриски податоци

Грција разгледува мерки за олеснување на протокот на патници и возила на граничните премини

Мицкоски ги повика Македонците да летуваа дома, за ЕЕС вели има разговори во ЕУ